Пријави сега

Ве молиме користете ја оваа форма за пријавување на било какви инциденти поврзани со дела од омраза и говор на омраза со кој сте се соочиле.

Ве молиме прочитајте ги информациите подолу во врска со вашите податоци и права. Ако сеуште сакате да продолжите со поднесување на пријава, ве молиме штиклирајте го полето и ќе бидете однесени до образецот.

Образецот има 4 секции и многу од прашањата се опционални. Во зависност од тоа колку информации сакате да внесете во образецот, најверојатно ќе ви требаат од 5 до 20 минути. Можете да престанете во било кој момент и вашите информации нема да бидат поднесени.

Разбираме дека поднеувањето на пријава може да биде тежок чекор, затоа ве молиме да се осигурате дека ги имате во предвид вашата безбедност и благосостојба во текот на целиот процес.

Вашите податоци и права

  • Ве молиме забележете дека информациите кои ќе ги доставите ќе бидат користени за развивање на кампањи што ние ги преземаме и ќе бидат користени за цели на известување
  • Целосни детали за вашата пријава ќе бидат споделени со поддршка на организација што вие ќе ја изберете – ќе ги видите нивните имиња подолу кога ќе ја изберете локацијата на инцидентот
  • Вашите лични детали (ако изберете да споделите некои од нив) и детални информации од вашата пријава нема да бидат споделувани со ниту една организација освен со организацијата за поддршка без баша согласност но статистички неидентифукувачки информации ќе бидат користени од страна на ЕРА (ERA), Стоунвол (Stonewall) и други наши партнери од доверба за известувачки цели и подгнување на свесноста (во формат како на пример „52% од лицата кој пријавиле дело од омраза во Албанија, соопшти лицето X“).
  • Доколку го пополните овој образец анонимно Ве молиме размислувајте за информациите што ги изнесувате и осигурајте се дека не можат да бидат искористени за бидете идентификувани. Исто така Ве молиме да не вклучувате никакви информации кои можат да бидат користени за идентификација на други индивидуи.
  • Можете да побарате поддршка преку обезбедување на вашите контакт информации и избирање на видот на поддршката која би сакале да ја добиете преку опциите достапни во вашата избрана држава. Доколку ги наведете вашиот мејл и телефонски број, тие информации ќе бидат испратени до избраната огранизација за поддршка за да ве контактираат вас и вашите контакт информации ќе бидат користени само за целите на пружање поддршката која сте ја побарале.
  • Било која лично информација која ќе ја дадете ќе биде избришана од системот онолку брзо колку што е најпрактични, откако ќе ја добиете поддршката која ја имате побарано.