За Нас
You Are Heard е место каде ЛГБТКИ+ заедницата од Западен Балкан и Турција и нашите сојузници можат да пријават инциденти од омраза и да најдат поддршка.
Платформата беше создадена од група на 14 граѓански организации од 10 земји. Ние, ERA LGBTI Equal Rights Association, и се обративме на нашата мрежа на партнери ширум Западен Балкан и Турција и заедно, со здружена стручност и искуство допринесовме кон создавање на најдоброто решение. Работевме заедно и со нашиот партнер од Обединетото Кралство, Stonewall, за да ја изградиме и пуштиме во употреба оваа веб-страна и софтверот кој секоја партнерска организација го користи за будно следење на пријавите од нивната земја и давање поддршка.
Со собирањето на пријавите целиме кон градење на збир на докази кои ќе ни помогнат во борбата за правата на ЛГБТКИ+ луѓето, заедно. Исто така, ќе ни помогне во поврзувањето на луѓето со видот на поддршка кој ги задоволува нивните потреби.
Најчесто Поставувани Прашања
Зошто пријавувањето прави разлика?
Секоја пријава е важна. Секоја пријава која ја добиваме значи дека можеме да насликаме појасна слика за нивоата на дела од омраза против ЛГБТКИ+ лицата во регионот. Ова ни ја дава моќта да покажеме дека постои потреба за унапредување на националните политики и системи на поддршка со цел да се задоволат потребите на заедницата. Воедно, тоа значи дека ќе можеме да им покажеме на нашите сојузници ширум светот зошто тие ни се нам потребни, да застанат со нас и да ни помогнат да застапуваме за промена.
Во овој момент, иако многу земји споделуваат податоци за дела од омраза со ОБСЕ, само мал дел од случаевите се од Западен Балкан и Турција. Свесни сме дека ЛГБТКИ+ заедниците се соочуваат со многу повисоки нивоа на дела од омраза и говор на омраза, отколку што покажуваат актуелните статистики. Вашите пријави ни помагаат да ја покажеме вистинската слика во регионот.
Погледнете ја нашата страна за Статистика и Податоци за да ги видите нашите најнови публикации, кои се направени благодарение на вашите пријави.
Кој може да пријави инцидент од омраза?
Доколку сте преживеале или посведочиле инцидент од омраза, можете да го пријавите на оваа веб-страна.
Доколку работите за граѓанска организација или друго тело кое дава поддршка на преживеани од инциденти од омраза, вие исто така можете да поднесете пријава (доколку самите преживеани не поднеле веќе пријава тука).
Доколку само сте слушнале за инцидент (од пријатели или познаници), ќе мора да се погрижите дека ги имате сите точни факти пред да пријавите и дека ја имате согласноста на преживеаните за да поднесете било какви податоци кои може да го откријат нивниот идентитет. Наш предлог е пред се да зборувате со преживеаните доколку сте слушнале за инцидентот од нив и да им дозволите тие да решат дали сакаат да поднесат пријава.
Дали можам да пријавам анонимно?
Да, повеќето луѓе го прават тоа. Само не ги вклучувајте вашите контакт информации во формуларот и не вклучувајте никакви лични податоци во описот на инцидентот.
Нашиот софтвер и формулар се дизајнирани на начин кој никому не дозволува да го дознае потеклото на анонимната пријава.
Што ако се чувствувам непријатно да пријавам?
Потполно разбираме дека пријавувањето може да биде тешко. Како преживеани, ваш е изборот дали сакате да поднесете пријава и дали сакате да останете анонимни. Вие сте во целосна контрола на процесот во секое време, а вашите добросостојба и безбедност се на прво место.
Доколку започнете со пополнување на пријава, но решите да престанете од било која причина, можете едноставно да излезете од формуларот и вашите податоци нема да бидат поднесени.
Доколку одлучите да поднесете анонимна пријава, запомнете дека никој нема да може да ја поврзе таа пријава со вас. Во случај по грешка да поднесете некаков податок кој ние мислиме дека може да се искористи за да бидете идентификувани (пр. личен опис или адреса), веднаш ќе го отстраниме тој податок од нашиот систем.
Доколку одлучите да ги вклучите вашите контакт информации во формуларот со цела да добиете пристап до поддршка, само ЛГБТКИ+ организацијата која дава поддршка ќе ги добие вашите контакт информации и ќе се користат само за да ви се пружи поддршка. Во формуларот, постои дел каде што можете да наведете како би сакале да ве контактираат – на пример, во одредено време од денот кога знаете дека ќе бидете сами. Откако ќе ја добиете потребната поддршка од организацијата за поддршка, тие целосно ќе ги отстранат вашите лични податоци и контакт информации од системот.
Ако имате какви било прашања пред да одлучите дали да пријавите, испратете е-пошта на hatecrimes@lgbti-era.org или контактирајте со една од организациите наведени на страницата „Најди поддршка“.
Кои се моите права кога пријавувам?
Ве молиме погледнете ја првата страница од формуларот за пријавување за повеќе информации за вашите права – ќе треба да се согласите со ова пред да поднесете какви било информации, за да можеме да се осигураме дека го разбирате и се согласувате со процесот.
Што ако нешто тргне наопаку додека го пополнувам формуларот?
Ако не сте го завршиле формуларот, можете да излезете и ниту една од информациите нема да биде зачувана или доставена. Ако има проблем со формуларот или имате прашање за тоа, испратете е-пошта на hatecrimes@lgbti-era.org и некој ќе одговори да се обиде да ви помогне.
Што ако доживувам инцидент сега или мислам дека сум во опасност?
Ве молиме имајте предвид дека оваа веб-страна не е услуга за итна поддршка. Пријавите направени на оваа веб-страна ќе бидат разгледани по неколку дена.
Ако сте во опасна или временски критична ситуација, размислете да ги контактирате вашите локални служби за итни случаи или локална услуга за поддршка за ЛГБТКИ+, која е моментално отворена.
Може да најдете услуга за поддршка на нашата страница „Најди поддршка“ – но повеќето од нив не се во состојба да дадат одговор за итни случаи и може да имаат ограничено работно време.
Ако сте во процес на пополнување на формуларот и сфатите дека можеби сте во опасна ситуација (на пример, некој што не го знае вашиот идентитет доаѓа во собата), ве молиме веднаш напуштете ја веб-страната. Вашата безбедност и благосостојба се најважниот фактор во секое време.