Партнери

Партнерски организации

Платформата беше создадена од група на граѓански организации од 10 земји

ERA - LGBTI Equal Rights Association

ERA - LGBTI Equal Rights Association

(Западен Балкан и Турција)

ERA – LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey е регионална, чадор-асоцијација која делува во 9 земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија, Словенија и Турција) со моментално членство од 70 ЛГБТИ организации. Нашата мисија е да инспирираме позитивна промена во општеството и да постигнеме целосна еднаквост и почит за човековите права на луѓето од сите сексуални ориентации, родови идентитети, родови експресии и полови карактеристики. Посветени сме на подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето преку зајакнувањето на капацитети на ЛГБТИ организациите во регионот, застапување на национално, регионално и меѓународно ниво и одржување и подобрување на видливоста на ЛГБТИ движењата и заедниците ширум Западен Балкан и Турција.

lgbti-era.org

 

Stonewall

Stonewall

(Обединето Кралство)

Во Stonewall, ние стоиме зад геј, лезбејките, би, транс, квир, лицата кои се преиспитуваат и асексуалците (ЛГБТК+) секаде. ние замислуваме свет во кој сите ЛГБТК+ луѓе сме слободни да бидеме она што сме и да ги живееме нашите животи со полни гради. Нашите кампањи поттикнуваат позитивна промена во ставовите на јавноста и јавните политики. Се грижиме ЛГБТК+ лица да можат да просперираат преку градење длабоки, одржливи програми за промена со институциите кои имаат најголемо влијание врз нас,  додека учиме, работиме, се молиме или спортуваме. Ја разбираме важноста на препознавањето на предизвиците кои ги делиме како ЛГБТК+ заедници ширум светот, истовремено со уникатните проблеми со кои се соочуваат одредени земји. Локалните организации се во најдобра позиција да објаснат што се случува, да одлучат што треба да се случува следно и да ја поттикнат промената. Поради ова работиме заедно со нив, за да споделиме и научиме едни од други и од искуствата кои ги имаме. Дознајте повеќе за нашите моментални глобални иницијативи на нашата веб-страна.

stonewall.co.uk

 

Aleanca

Aleanca

(Албанија)

Алијансата против дискриминација на ЛГБТ (Aleanca LGBT) е албанска невладина организација кој има визија за слободно, отворено и еднакво Албанско општество кое го прифаќа диверзитетот и е инклузивно за луѓето со секакви сексуални ориеннтациии родови идентитети. Aleanca LGBT беше создадена во март, 2009 од страна на група млади ЛГБТ лица кои волонтирале 3 години за да ја променат реалноста на ЛГБТ лицата во Албанија. Во 2013, со поддршката од Civil Rights Defenders, Aleanca успева да го отвори првиот ЛГБТ центар во Албанија. Од нејзините почетоци, се досега, Aleanca го има зачувано својот локален карактер. Главните полиња на дејствување за време на овие години ни биле градење на заедницата, подигање на свеста, застапување и лобирање, тренирање на полицајци, наставници и училишни психолози, новинари, други активистви за човекови права, јавни службеници и социјални работници. Во декември, 2014, Aleanca LGBT и Pro LGBT го отворија првиот шелтер центар (исто така се нарекува и “STREHA” или “SHELTER”)  за бездомни ЛГБТ лица.

www.aleancalgbt.org

 

Tuzla Open Center

Tuzla Open Center

(Босна и Херцеговина)

Tuzla Open Center/Тuzla Otvoreni Centar (TOC) е невладина организација со седиште во Тузла, Босна и Херцеговина. Организацијата се фокусира на Кантонот Тузла, со мисија да ги промовира човековите права на ЛГБТИ лицата и родовата еднаквост во јавниот живот и простор преку континуиран активизам врз феминистички принципи. TOC е тим од 8 луѓе кој се базира врз принципи на солидарност, слобода и еднаквост, работејќи на зајакнување на локалната ЛГБТИ+ заедница, предлагајќи и залагајќи се за инклузивни политики и легислатива, создавајќи институционална инфраструктура за поддршка на ЛГБТИ+ лица, сензибилизација на јавностаи борејќи се за јавниот простор, градење на капацитети и продуцирање на знаење и учество во градење на локалната мрежа на граѓанското општество. TOC дејствува на локално и регионално ниво, преку конекции и вмрежување во БиХ, регионални и Европски организации, мрежи и движења за човекови права. Визијата на Tuzla Open Center е општество во кое граѓаните се еднакви и слободни, безразлика на родот, сексуалната ориентација, родовиот идентитет и/или родовите карактеристики.

www.toc.ba

LGBT Center Split

LGBT Center Split

(Хрватска)

LGBT Center Split е платформа од граѓански организации која дава место на прифаќање, поддршка и развој за локалната ЛГБТИК заедница. Центарот дозволува активно учество во општествено-културни активности, дава правна и психолошка поддршка и преку активности за застапување има позитивно влијание на општествената свест и на јавните политики. Платформата дејствува според вредности на инклузија, не-насилство, антифашизам и квир феминизам.

 LGBT Center Split е фокусот на општествено-културниот живот на ЛГБТИК заедницата и е генератор на општествена промена, што го става Сплит на мапата на инклузивни градови.  организации вклучени во платформата се Domine, queerANarchive, Queer Sport Split и Split Pride.

www.lgbtcentarsplit.org

Trans Aid

Trans Aid

(Хрватска)

Trans Aid е првата транс, интерсекс и родово поинаква (TIGV) организација во Хрватска.

Trans Aid беше создадена во 2012 од страна на мала група транс и родово поинакви лица од Загреб, кои ја препознаа потребата за градење на заедница преку меѓусебна поддршка и омоќување. Мисијата на Trans Aid е да работи на промоција и заштита на човековите права на транс, интерсекс и родово поинаквите лица; деконструкција на циснормативноста, родовата бинарност, патријархатот и хетеронормативноста; постигнување на целосна еднаквост на лицата од сите родови, родови идентитети и родови експресии. Нашите програми вклучуваат програми за заедницата, праграми за застаоување, образовни и програми за подигање на свеста. Работиме на индивидуалната и општата добросостојба на нашата заедница; омоќување и градење на капацитетите на нашите заедници ширум Хрватска; воедно и елиминирање на насилството и дискриминацијата кон транс, интерсекс и родово поинаквите лица.

Ние ја основавме првата програма за заедницата во Хрватска која се состои ос психолошка поддршка, врсничка поддршка, правна поддршка, како и разни активности за социјализација и образование.

transaid.hr

CSGD

CSGD

(Косово)

Center for Social Group Development – CSGD е основана и регистрирана во 2003. Целта на CSGD е да ги поддржува, заштитува и застапува правата на ЛГБТИ заедницата во Косово. Организацијата има 4 главни полиња на фокус: 1) Омоќување на ЛГБТИ заедницата во Косово; 2) Подигање на свеста за ЛГБТИ правата на населението; 3) Застапување за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата; и 4) Програми за превенција на ХИВ во заедниците на мажи кои имаат секс со мажи во Косово.

Првично, работата на CSGD беше фокусирана на воспоставување центар за заедницата (во 2004 година) како безбедна средина каде ЛГБТИ заедницата може да се дружи, да користи услуги што ги нуди CSGD и како ресурсен центар. Почнувајќи од 2007 година, CSGD организираше разни јавни кампањи и означи клучни настани за прашањата со кои се соочува ЛГБТИ заедницата. CSGD технички го поддржа изготвувањето и финализирањето на двегодишниот Национален акциски план (ноември 2016 – ноември 2018 година) на Советодавната и координативна група на национално ниво во Република Косово за правата на ЛГБТИ заедницата.

csgd-ks.org

Juventas

Juventas

(Црна Гора)

Невладината организација Juventas постои од 29 јануари 1996 година и е една од најстарите невладини организации во Црна Гора.

Мисијата на Јувентас е да ја подобри социјалната кохезија преку обезбедување иновативни услуги и зајакнување на постојните услуги за лица во ризик од социјална исклученост и социјално исклучени, заедно со зајакнување на нивните капацитети за активно учество во процесот на застапување и развој на јавни политики, со цел подобрување на нивниот квалитет на живот. Визијата на Јувентас е општество на социјална правда, каде што сите луѓе се чувствуваат безбедни, слободни и почитувани, учествуваат во процесите на донесување одлуки, имаат еднакви можности и ги уживаат своите човекови права, без разлика на нивните разлики и лични карактеристики.

Јувентас поседува ISO стандард 9001: 2015 (QMS). Јувентас е активен член на ИЛГА, ТГЕУ, а исто така е и еден од основачките членови на новоформираната мрежа ЕРА, ЛГБТИК Асоцијација за еднакви права за Западен Балкан и Турција.

Невладината организација Јувентас има обемна и вредна експертиза во врска со обезбедување услуги за ЛГБТИ заедницата што започна во 2006 година. Овие услуги вклучуваат: дистрибуција на бесплатни кондоми и лубриканти, советување со лекари, психолози и/или социјални работници, услуга за перење и сушење на алишта и облека, како и советување и поддршка од врсници и контакти. Поради предизвиците и потребите на нашите заедници, особено во време на криза, овие услуги се прилагодуваат. На пример, покрај споменатите услуги, за време на полициските часови тие започнаа со дистрибуција на храна и основни пакети за хигиена, како и обезбедување барем дел од трошоците за домување на најранливите во заедниците со кои работиме.

juventas.co.me

Spektra

Spektra

(Црна Гора)

Асоцијација Спектра е невладина организација со седиште во Подгорица, Црна Гора. Организацијата се фокусира на трансродовата, родово поинаквата и интерсекс заедницата со мисија да ги промовира пред се родова еднаквост и човекови права на ЛГБТИК луѓето. Нашата работа се базира на принципите на феминизмот и интерсекционалноста. Активностите што ги спроведуваме се фокусирани на застапување за социјално прифаќање на ЛГБТИК лицата и родова еднаквост, обезбедување соодветна поддршка и пристап до специфична здравствена заштита на заедницата ТИГВ (трансродовата, родово поинаквата и интерсекс заедницата), како и застапување за подобрување во здравствениот систем на оваа тема, обезбедување социјални услуги како што се групи за самоподдршка и советување од врсници за заедницата, културата и уметноста на ТИГВ, подигање на свеста кај пошироката јавност, како и едукација на релевантните институции во врска со безбедноста и заштитата од насилство на заедницата ТИГВ, анализа на медиумската застапеност на заедницата ТИГВ како и постојано едукација на претставниците на медиумите за афирмативни начини на известување за овие теми, градење на силна мрежа на сојузи со различни средни училишта во земјата со цел да се обезбеди соработка со образовниот кадар, како и да се има можност да се образуваат учениците и градење на силно, интерсекционално движење за човекови права на национално ниво.

asocijacijaspektra.org

Queer Montenegro

Queer Montenegro

(Црна Гора)

Црногорското ЛГБТИК здружение Квир Црна Гора е невладина организација со седиште во Подгорица, Црна Гора. Организацијата ги собира ЛГБТИК луѓето, членовите на нивните семејства и пријатели со мисија за градење на црногорското ЛГБТИК движење кое активно и трајно ќе се бори за заштита на човековите права. Понатаму, целите на организацијата вклучуваат постигнување целосна правна и социјална еднаквост и прифаќање на ЛГБТИК луѓето, како и целосна видливост и учество во процесите на донесување одлуки и креирање политики во Црна Гора. Квир Црна Гора се состои од тим од седум лица посветени на зајакнување на капацитетот на ЛГБТИК заедницата; обезбедување бесплатна правна помош и услуги за психосоцијална поддршка на ЛГБТИК луѓето; јавно застапување и лобирање за заштита и унапредување на човековите права на ЛГБТИК лицата на национално, регионално и меѓународно ниво; зголемување на видливоста на ЛГБТИК луѓето; промоција и промоција на квир културата и уметноста; и следење на работата на државните институции и медиуми и известување за состојбата со човековите права на ЛГБТИК лицата во Црна Гора.

Од 2013 година, Квир Црна Гора го организираше Црна Гора Прајд во Подгорица на годишна основа и се координира со Организацискиот одбор на Црногорскиот Прајд, во кој секоја година има околу 30 ЛГБТИК луѓе, членовите на нивните семејства и пријатели. Во рамките на Црна Гора Прајд, досега се организирани седум фестивали на квир култура и уметност – Недела на гордоста. Квир Црна Гора работи на локално, национално, регионално и меѓународно ниво.

queermontenegro.org

Коалиција Маргини

Коалиција Маргини

(Северна Македонија)

Коалицијата Маргини е формирана во 2007 година како неформална заедничка платформа и резултат на здружените напори и заложби на неколку организации: ХОПС-Опции здравв живот Скопје, Х.Е.Р.А, ИЗБОР-Струмица и ЕГАЛ. Од 2011 година Коалицијата е регистрирана како засебен ентитет, односно како граѓанска организција чиишто основачи се: ХОПС-Опции здрав живот Скопје, Х.Е.Р.А, ИЗБОР-Струмица, ЕГАЛ, и СТАР-СТАР. Од 2017 година организација членка на Коалицијата е и Заедно посилни – здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија.

Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници” (СЗПМЗ) промовира свет со еднакви луѓе, без дискриминација, свет во кој секој може да ужива универзални човекови права и каде почитувањето на различностите и правото на избор се основните принципи на демократско и слободно општество. Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ промовира заштита и почитување на основните човекови права на маргинализираните заедници, со фокус на ЛГБТИ лицата, корисниците на дрога, луѓето кои живеат со ХИВ, сексуалните работници и маргинализираните жени. Коалицијата се фокусира на застапување, истражување и анализа, вклучување на маргинализираните заедници во креирање и имплементација на политики, едукација на сите релевантни актери, промоција на културните практики на маргинализираните заедници, како и вмрежување и градење сојузи со граѓанското општество.

www.coalition.org.mk

Хелсиншки комитет за човекови права

Хелсиншки комитет за човекови права

(Северна Македонија)

Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение на граѓани регистрирано во 1994 година. Комитетот врши мониторинг на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето и заштитата на човековите права и слободи. Цел на Комитетот е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на СРМ, меѓународните инструменти и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото. Комитетот поаѓа од тоа дека сите луѓе треба да имаат можност да ги уживаат и практикуваат нивните основни права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на владеењето на правото, човековите права и демократијата.

Во настојувањето за унапредување и заштита на човековите права и хармонизирање на домашното законодавство и практика со она на Европската унија, Хелсиншкиот комитет: Организира системско набљудување на состојбите со човековите права во земјата; Обезбедува бесплатна правна помош и ги штити индивидуалните, колективните и правата на другите правни субјекти на територијата на Република Северна Македонија и пред меѓународни организации; Подготвува месечни, годишни и посебни извештаи за состојбата со човековите права; Подготвува анализи и други стручни документи поврзани со состојбите со човековите права; Организира конференции, семинари, трибини, јавни акции и други законски форми на граѓанска активност; Го промовира и помага развојот на демократијата, владеењето на правото и граѓанското општество, и врши други работи од јавен интерес согласно Законот за здруженија на граѓани.

mhc.org.mk

LGBTI Support Centre

LGBTI Support Centre

(Северна Македонија)

ЛГБТИ Центарот за поддршка е формиран во октомври 2012 година како подружница на Хелсиншкиот комитет за човекови права Скопје. Визијата на ЛГБТИ Центарот за поддршка е општество ослободено од дискриминација, во кое сите луѓе уживаат универзални човекови права и слободи, без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет или која било друга карактеристика. Мисијата е зајакнување на ЛГБТИ заедницата за самозастапување, како и промена на социјалниот и правниот статус на ЛГБТИ луѓето во Северна Македонија.

Центарот за поддршка на ЛГБТИ има три одделни програми: програма за заедница, програма за застапување и програма за засолниште. Центарот за поддршка се фокусира на прашања со дискриминација во сите области, говор на омраза и злосторства од омраза против ЛГБТИ, обезбедување бесплатна правна помош и следење на случаите, како и известување и спроведување на застапување засновано на докази за промени во законодавството и практиката. Прашањето за домување и поддршка на ЛГБТИ луѓето во ризик од бездомништво е исто така во фокусот преку обезбеденото засолниште во безбедна куќа за овие луѓе. Подобрување и унапредување на човековите права на ЛГБТИ луѓето воопшто се испреплетуваат во сите програми на Центарот, со употреба на различни алатки и стратегии. Други прашања на кои Центарот е фокусиран вклучуваат образование, здравје, социјална заштита, заштита од насилство, култура.

lgbti.mk

Da Se Zna!

Da Se Zna!

(Србија)

Da se zna! е основана во 2016 година, со главен фокус на мапирање и документирање незаконски постапки против ЛГБТ + луѓето во Република Србија. Денес, ние првенствено се грижиме за зајакнување на заедницата преку правна и психолошка поддршка, но и континуирана соработка со носителите на одлуки. Нашата мисија е да создадеме поефикасен систем за заштита од дискриминација и насилство мотивирани од омраза, како и реакција на надлежните органи во согласност со меѓународните стандарди.

dasezna.lgbt

SKUC-LL & SKUC-Magnus

SKUC-LL & SKUC-Magnus

(Словенија)

ŠKUC-LL и ŠKUC-Magnus претставуваат две од најстарите ЛГБТИ организации во Словенија и источна и југоисточна Европа. Основани во 1984 и 1987 година, тие имаат долга традиција на ЛГБТИ видливост, се борат за човекови права и создаваат безбедни простори за ЛГБТ заедницата.

Преку континуирана работа со владини и невладини институции, ние се бориме за институционализација и заштита на ЛГБТ правата. ŠKUC-LL и ŠKUC-Magnus имаат најдолго континуирано медиумско присуство во Словенија. Ние нудиме инфраструктура (клубови, канцеларии), архива и библиотека (лезбејска библиотека и архива), пристап до знаење (објавување на Ламбда и Висибилија), застапеност во медиумите и создавање на медиуми (списанија Револвер, Лесбо, радио емисија Лезбоманија) и создавање безбедна поддршка простори за ЛГБТИ креативност.

www.ljudmila.org/lesbo
www.magnus.si

Legebitra

Legebitra

(Словенија)

Legebitra е ЛГБТИ граѓанска организација, активна во областите на човековите права, образованието, менталното, физичкото и сексуалното здравје и се залага за социјални и системски промени базирани на почитување на сексуалната ориентација, родовиот идентитет, родовата експресија и/или половите карактеристики. Го зема предвид пресекот на други лични околности, како што се здравјето, националноста, расата или етничкото потекло, јазикот, религијата или верувањето, хендикепот, возраста, социјалниот статус, богатството, образованието или која било друга лична околност.

legebitra.si

Kaos GL

Kaos GL

(Турција)

Kaos GL е една од најстарите и најголемите ЛГБТИ+ организации во Турција. Каос ГЛ ги испраќа апликациите од ЛГБТИ+ лица до својот стратешки партнер, Асоцијација на 17 мај. Асоцијацијата 17 мај е основана во 2019 година, за да се изгради експертиза и да се обезбедат услуги за психосоцијална и правна поддршка на ЛГБТИ+ лица. Двете здруженија ги продолжуваат своите операции во главниот град на Турција, Анкара.

kaosgl.org